Родители од Гостивар не ги пуштаат децата на училиште поради соученичка со Даунов синдром
Сите ученици го започнаа второто полугодие токму на 1 февруари, но не и 11-годишната Ембла. Таа денеска тргна на училиште но сама, поради тоа што родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотираат наставата под изговор дека Ембла била агресивна кон нивните деца, објави ТВ Клан.
Ембла е дете со посебни потреби – има даунов синдром. Тоа е причината поради којашто родителите на другите деца не сакаат таа да учи со нив.
„Поради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и поради агресивноста, донесовме одлука ние како родителите да се бојкотира наставата од редовните ученици“, стои во петицијата што ја покренаа родителите.
Зијадин Нуредини, директор на ОУ „Башкими“ изјавил дека се договориле со родителите на Ембла, таа „да циркулира и да ротира во три паралелки“ во текот на наставниот процес.
Но, за разлика од директорот, нејзиниот татко негира дека со директорот на училиштето се договориле нивната ќерка да ротира во три паралелки. Ембла ја посетиле и претставници на Центарот за деца со посебни потреби „Хандимак“, а директорот Адем Идризи вели дека Ембла никогаш не била агресивна.
Ново на Сител
-
Шекеринска: Никогаш за никого не сум ургирала
-
Сестрата на Фросина: Бараме одговорност од таткото на возачот и судијката
-
Колумбискиот претседател го нарече Трамп „фашист“ и го спореди со Хитлер
-
Во тек е голема полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари
-
Четиригодишното дете од Струга што почина имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
Вкупно седум лица повредени во две одделни сообраќајки близу Кичево, меѓу нив 19-годишна девојка
-
89-годишен битолчанец удрен од автомобил, се здобил со тешки телесни повреди