Македонија
6. November 2025 - 19:37

Рокас му го презентираше извештајот на Мицкоски

Постигнат е одреден напредок во однос на претходната година но и натаму останува многу работа. Евроамбасадорот Рокас попладнево во Владата лично на премиерот му го презентираше европскиот извештај за напредокот на Македонија. 

Рокас уште еднаш повтори дека во актуелниот геополитички контекст, Македонија треба да го искористи моментумот и преку забрзување на реформите да го обезбеди своето место во Европскта Унија. 

Премиерот вели дека Владата е свесна за предизвиците со кои што се соочува Македонија и дека токму тие ќе бидат на врвот на реформската агенда за која најави нова динамика.

Сепак, клучен проблем остануваат Уставните измени, а Мицкоски претпладнево коментираше дека без нив, извештајот за Македонија ќе имал сосема друг наратив.

Во делот на односите со Бугарија државниот врв веќе најави дека кон крајот на годината се очекува нов обид да се направи некаков напредок, информација која шефот на дипломатијата Муцунски ја потврди вчера во Тема на денот, без да открие повеќе детали.