Loading Video...
Фудбал
26. May 2022 - 10:40

Рома е првиот победник во Конференциската лига, Мурињо пет од пет во финалињата на европските-купови

Во финалето на првото издание на УЕФА Конференциската лига, одиграно во Тирана, италијанскиот претставник, екипата на Рома го совлада холандски Феенорд со 1-0 и стана прв победник во ова натпреварување. 
 
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 32. минута, а стрелец беше Заниоло 
 
За популарната „римска волчица“ ова е само втор трофеј од европските купови, откако првиот го освои пред 61-година триумфирајќи во тогашниот Куп на саемски градови.
 
Затоа пак за португалскиот стратег Жозе Мурињо, ова е петти трофеј, и тоа во петтото свое финале, со што Португалецот го задржа својот перфектниот ефект кога во прашање се финалните средби во евро-куповите. 
 
Мурињо ќе биде запишан и како прв тренер кој ги освоил Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига.