Ракомет
20. December 2015 - 17:02

Романија ја освои бронзата на женскиот ракометен Мундијал

 
 
 Репрезентацијата на Романијае носител на бронзениот медал на Светското првенство за ракометарки што се одржува во Данска.
 
Во „малото финал’’ романските ракометарките со 31-22 ја победија победија селекцијата на Полска и на крајот го завршуваат шампионатот како трето рангурани.
 
Во натпреварите за пласман, Русија со победата над домаќинот Данска од 25-21 го освои 5-тото, а Франција во мечот за 7.место убедливо ја победи Црна Гора со 34-23.
 
22-то женско СП ќе биде заокружено со финалниот меч во кој за златниот медал и шампионскиот трофеј ќе се борат репрезентациите на Холандија и Норвешка, а ќе започне од 17 часот и 45 минути.