Балкан
9. March 2021 - 11:00

Романската Влада не планира целосно „заклучување“

Романската Влада не планира воведување целосен „локдаун“ и радикални мерки поради ширење на коронавирусот, изјави вицепремиерот Дан Барна.

– Се наоѓаме во третиот бран. Ја идентификувавме британската мутација. Јасно е дека не може да се спречи ова ширење. Како ќе поминеме низ ова, тоа најмногу зависи од нас. За жал, се забележува дека граѓаните се опуштиле, истакна Барна.

Тој укажа дека се зголемува бројот на заразени лица, како и притисокот врз здравствениот систем.

Барна додаде дека не се предвидени најстроги мерки, бидејќи тоа би значело целосно затворање, а луѓето мораат да одат на работа и да купуваат основни намирници.

– Романија успеа релативно добро да помине низ оваа ситуација за време на пандемијата, затоа што навремено презеде рестриктивни мерки, нагласи романскиот вицепремиер.