-->
-->
Роналдо ја продаде „златната топка“ за донација во хуманитарни цели
-->
Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо по којзнае кој пат ја покажа на дело својата хуманост.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Португалецот кој е познат по својата хумана работа, ја даде на аукција наградата освоена за најдобар фудбалери во 2013 година,популарната „Златна топка“ која ја доделува ФИФА, а која беше продадена за неверојатни 600.000 евра.
Сите финансиски средства Роналдо ги донираше во фондацијата „Make-A-Wish Foundation“, која им помага на тешко болните деца.
Кристијано Роналдо кој зад себе веќе има четири вакви награди и оваа година ќе биде во тесна конкуренција да го освои ова признание.
Тој е во „тројката„ од која ќе се избере најдобриот за 2017-та. Покрај Роналдо, во конкуренција за признанието се и Лионел Меси од Барселона и Нејмира кој летово од Барселона мина во редовите на ПСЖ.
Сепак, Португалецот е главен фаворит имајќи в предвид дека минатата сезона со Реал Мадрид ја одбрани титулата во Лигата на шампионите и го освои трофејот во Примера, а го освои и пехарот во УЕФА Супер купот што се одржа во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место