Фудбал
25. February 2016 - 10:41

Роналдо прв со 200 милиони

Мега-ѕвездата на Реал , Кристијано Роналдо е првиот спортист кој ја мина бројката од 200 милиони фанови на социјалните мрежи.

Роналдо има  109,7 милиони следбеници на Фејсбук, 49,6 милиони на Истаграм и  40.7 Милиони на Твитер.
 
Португалецот магичната бројка ја мина во вторникот кога го следеа  200.058.494 приврзаници. 
Фудбалерите на „кралевите“ можеби има помалку Златни топки“ од Меси но Аргентинецот заостанува на социјалните мрежи и има  120,8 фанови но нема профил на Твитер. Интересно Роналдо има повеќе приврзаници од кошаркарските ѕвезди, Леброн Џемјс, Мајкл Џордан, Коби Брајант, Кевин Дурент и Стеф Кари заедно. Сите имаа вкупно 187 милиони фанови.
Просечно дневно на Португалецот му се приклучуваат 135000 луѓе.