Фудбал
17. јуни 2017 - 15:01

Роналдо: Си одам од Мадрид, нема враќање

Кристијано Роналдо стои зад својата одлука да си замине од Реал Мадрид и нема намера да го промени својот став без оглед на обидите на „кралскиот клуб“ да го задржи во своите редови.
 
Згора на тоа, мадридскиот весник “Марка” вчера објави и дека Кристијано воопшто не е расположен за разговори со клубот, посочувајќи дека одлуката е конечна.
 
„Си одам од Мадрид, нема враќање“ им открил Роналдо на соиграчите од португалската репрезентација, кои и самите биле изненадени од ваквиот развој на настаните непосредно пред стартот на Купот на Конфедерациите во Русија.