РСБСП и угостителите со кампања за поголемо користење велосипеди

Под слоганот „Јуни е за јунаци со точаци“, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со 13 локали од Скопје ќе реализираат низа активности со кои заеднички ќе се заземат да ги спојат возењето велосипед и непосредниот допир со природата со урбаниот лик и секојдневието на градот.
Целта е поактивна и почеста употреба на велосипедот како превозно средство, како и поголема едукација на младите, со што директно ќе се влијае на подигнување на свесноста за здрави животни навики и позитивни сообраќајни ставови.
Активноста ќе се реализира од 11 јуни до 30 јуни оваа година. Во овој временски период, велосипедот ќе им донесе 10 проценти попуст на целата сметка на сите оние кои со него ќе дојдат во: Барбакан, Кино Карпош, Винил, Тхирио, Coffee Factory, Брик, Твинс, Casa Bar, Паладиум, Центар Бар, Soul Kitchen, Boulevard и BellaVista
Од РСБСП наведуваат дека велосипедизмот е најефикасна форма на транспорт, а урбаното возење точак е вистински тренд во светот.
- Ние сме активен поддржувач на алтернативните форми на мобилност и во таа насока ги поттикнуваме сите учесници во сообраќајот да го остават својот автомобил и да отидат на кафе со велосипед, велат од РСБСП.
Во рамки на активноста, РСБСП ќе ги едуцира учесниците во сообраќајот за правата и за одговорностите на велосипедистите, истовремено ќе поттикнува почесто и поактивно возење велосипед.
РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот да живеат здраво, да ја чуваат животната средина и своето здравје, да возат велосипед и да придонесат за намалување на сообраќајниот метежи.
Ново на Сител
-

Македонските кикбоксери со 110 медали на „Балкан Бест Фајтер“ на врвот како најуспешни
-

Сончево до крајот на седмицата, утринска магла по котлините
-

Кривична за тројца бугарски државјани кои биле затекнати со делови од македонски народни носии
-

Вечерва во 18 часот се осветлува Скопје: Ѓорѓиевски најави богата новогодишна програма на плоштадот „Македонија“
-

ВМРО-ДПМНЕ со своја Резолуција во Собранието
-

Медиуми во Австралија: Крвавот напад на плажата Бонди го извршиле Саџид и Навид Акрам
-

На грчки брод откриени неколку тони кокаин
-

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница
