Македонија
8. March 2021 - 12:31

РСБСП: Жените се побезбедни возачи

Жените се побезбедни возачи, покажуваат истражувањата. Жените помалку возат под дејство на алкохол, не поминуваат на црвено и не возат без возачка дозвола. Жените повеќе ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, но и пешаците и велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот. Ако пред дваесетина години биле само незначителен процент, денес скоро 50% од возачите се жени. Според истражувањата на Светската здравствена организација 77 отсто од сообраќајните несреќи со фатални последици се предизвикани од возачи мажи, а само 23 отсто од возачи жени. Анализите на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата покажале дека во Македонија во просек околу 70 до 80% од жртвите во сообраќајни незгоди се од машкиот пол, а 20-30% од женски.

Со цел подигање на свеста против стереотипите за жените како лоши возачи Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патишта, а по повод денот на жената во соработка со МВР и Црвениот крст организира превентивно едукативни активности.

Осмо мартовски едукативно превентивни активности Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и МВР овие денови реализираат во повеќе градови од државата. Истовремено, апелираат до сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да бидат дефанзивни учесници во сообраќајот, затоа што последиците се трагични, огромни и ненадоместливи, независно од полот, возраста, националноста или која било друга индивидуална карактеристика на предизвикувачот на незгодата или на жртвата.