Рубио: Првиот ден како претседател ќе го раскинам договорот со Иран
Еден од претендентите за номинација на Републиканската партија за преседател на САД, Марко Рубио изјави дека доколку биде избран за американски претседател, уште првиот ден ќе го раскине договорот со Иран околу неговата нуклеарна програма.
Во последната телевизиска дебата пред изјаснувањето на гласачите во Ајова в понеделник, актуелниот сенатор од Флорида, Рубио повеќе зборуваше околу имиграциската политика на САД, што го прифатија и другите учесници во дебатата, што овојпат ја организираше телевизиската комапнија Фокс.
Тој одново повтори дека ако како американски претседател ќе нареди затворање на сите џамии во земјата, ако се утврди дека во нив се проповеда радикален ислам.
Рубио, кој потекнува од родители кубански имигранти, е роден во Мајами. Тој е сенатор од јануари 2011 година и во редовите на републиканците, важи за политичка ѕвезда која постојано бележи подем.
Во својата политичка определеност тој е лојален на позициите на партијата и важи за остар критичар на политиката на претседателот Барак Обама и администрацијата во Вашингтон.
Како и најголемиот број републиканци, Рубио се противи на нуклеарниот договор што САД и другите членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија го постигнаа со Иран околу неговата нуклеарна програма.
Договорот веќе почнува да се реализира, откако властите во Техеран ги исполнија условите за укинување повеќегодишните санкции, па иранскиот претседател Хасан Рохани се наоѓа на турнеја низ Европа, склучувајќи вносни трговски договори.
Рубио ја осуди и одлуката на американската Администрација за обнова на дипломатските односи со Куба, што беа во прекин половина век, Сенаторот од Флорида бараше од претседателот Обама властуте во Хавана претходно да дозволат обнова на демократијата во земјата и почитување на човековите права.
Ново на Сител
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп
-
Лазаров по мечот со Хрватска: Се боревме од почеток до крај, тоа ни беше главна цел
-
Ѓоковиќ тврди дека бил отруен за време на притворањето во Австралија пред три години
-
Полицајци на Царина барале поткуп кој потоа го делеле меѓу себе - Обвинение за 16 лица во предметот „Премин“
-
Се изготвува ново законско решение за сообраќајните камери