Loading Video...
Свет
24. November 2020 - 16:30

Русија ја објави цената на нејзината вакцина против Ковид-19

Доналд Трамп попушти. Се согласи да почне преносот на власта, но вети дека ќе продолжи да го оспорува неговиот пораз на претседателските избори. Актулениот претседател на САД соопшти дека федералната агенција која го надгледува примопредавањето може да почне со првичните протоколи за преност на власта. Ова значи дека избраниот претседател Бајден сега има пристап до безбедносни брифинзи,канцелариски простор и владини претставници додека да ја преземе функцијата на 20 јануари. Бајден веќе работи на составот на својот тим. Меѓу избраниците се и Аврил Хеинс за прв човек на американското национално разузнавање и Џенет Јелен за министер за финансии. Доколку бидат потврдени од Сенатот, ќе бидат пртвите жени на тие функции.

Две дози од руската вакцина „Спутник V“ на меѓународниот пазар ќе чинат помалку од 20 американски долари, додека за руските граѓани таа ќе биде бесплатна .Првите меѓународни испораки ќе почнат во јанаури 2021 година. Вакцината против ковид 19 на истражувачкиот завод Гамалеј е 95 проценти ефикансна на 42 дена по првата доза, под услов да се прими и втората доза. 

Србија од денеска со нови антиковид мерки. Угостителските објекти, обложувалниците и трговските центри ќе работат до 18 часот. Задолжително е носење маска на отворено и затворено а забрането е групирање на повеќе од 5 лица. Во  Бугарија здравствените власти бараат скоро целосна блокада на државата поради големиот број починати од корона. Од среда поостри мерки ќе има и во Црна Гора, а во Грција ќе биде продолжен карантинот и во декември и нема да бидат дозволени патувања меѓу градови ни за Божиќ.