Русија: Камиони со хемиско оружје пристигнаа на позиции на „Џaбат ал Нусра“
Меѓународната терористичка организација „Џaбат ал Нусра“ ги продолжува борбените дејствија, кои имаа цел соборување на „режимот на молкот“ во Сирија, нивните редови се пополнуваат со нови борци и пристигнува муниција со отровни материјали, соопшти рускиот Центар за помирување на завојуваните страни на територијата на Сирија.
- Според информацијата добиена од Центарот за помирување од локалните жители од турска територија во населеното место Кафр Хамра пристигнале над сто терористи од групацијата „Џaбат ал Нусра“. Освен тоа од провинцијата Идлиб на територијата под контрола на терористите од „Џaбат ал Нусра“ на север од Алепо пристигнале неколку товарни автомобили со рачно изработени бомби, снабдени со отровни супстанци на база на хлор, нагласи Центарот за помирување.
Изминатите 24 часа од регионот Ашрафија во Алепо, кој е под контрола на групацијата, три пати се извршувани ракетни напади, насочени кон квратот Шеик Маскуд, во кои се ранети шестмина цивили, меѓу кои и едно дете.
Ново на Сител
-
Може ли за неколку месеци да се стане АИ експерт? | Growth Labs Academy | Sitel Podcast 050
-
Полицијата презема мерки за пронаоѓање шест лица - работници од Непал
-
Избувна пожар во светиниколско: Изгоре штала, две грла добиток, млин, сточна храна
-
Во Струмица oбид за киднапирање на тригодишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело
-
Мицкоски за можна средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
-
Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
-
НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција
-
Столтенберг се надева дека Украина може да се приклучи на Алијансата во следните 10 години