Loading Video...
Фудбал
16. јуни 2021 - 17:33

Русија минимално ја победи Финска со 1:0

Во првиот денешен натпревар на ЕП одигран во Санкт Петербург,  а во рамките на Б групата селекцијата на Русија со 1:0 ја победи Финска. 
 
Стрелец на победничкиот гол за Русите беше Алексеј Миранчук  во втората минута од судиското дополнеие на првото полувреме. 
 
Сега три репрезентации, Белгија, Финска и Русија имаат по 3 бодови, додека Данса е без освоен бод. Утре својот меч од 2.коло во оваа група ќе го играат Белгија и Данска. 
 
Денеска на програма се уште две стредби и тоа од А групата. 
 
Во Баку од 18 часот ќе играат Турција и Велс, додека од 21 часот на „Олимпико“ во Рим се среќаваат Италија и Швајцарија.