Loading Video...
Свет
3. December 2022 - 16:37

Русија нема да продава нафта на земјите кои воведуваат органичување на цената

Русија нема да продава нафта на земјите кои воведуваат органичување на цената. Нема да соработуваме со нив врз основа на непазарни принципи и Москва ќе продолжи да наоѓа купувачи за нафта и покрај ограничивањето од 60 доалри за барел договорено од ЕУ,  Г7 и Австралија порача руската амбасада во САД. Предупеди дека потегот ќе предизвика хаос на енергетските пазари и ќе ги зголеми цените на суровините.

„Таквите чекори неизбежно ќе резултираат со зголемена неизвесност и наметнување повисоки трошоци за потрошувачите на суровини. Без оглед на сегашното флертување со опасен и нелегитимен инструмент, ние сме уверени дека руската нафта ќе продолжи да биде барана“, е наведено во соопштението  на  амбасадата на Русија во САД.

Ограничување на цената на руската нафта, вчера го договорија членките на Европската унија, а денеска го потврдија членките на Г7 и Австралија. Мерката  ги спречува земјите да плаќаат повеќе од 60 долари за барел за извоз на руска сурова нафта преку море а ке стартура од 5 декември. Тогаш стартура  и европското  ембарго на руската нафта што се транспротита по морски пат.  Од ЕУ објаснија дека договореното органичувањето, ќе им овозможи  на земјите надвор од унијата да продолжат  да увезуваат руска нафта , но ке им забрани на трансрпортните и осигурителните компании да тргуваат со руска нафта ширум светот,освен ако не се продава по цена под ограничувањето. Целта на ценовната граница, која е идеја на групата Г7, е да се намалат приходите на Русија од продажбата на нафта, а во исто време да се спречи порастот на глобалните цени по стапувањето во сила на ембаргото на Европската унија за увоз на руска нафта.  Цената на руската сурова нафта од типот Урал е променлива, но во изминатите денови се продаваше за околу 65 долари за барел.

Шведска го екстрадираше Махмут Тат во Турција, првиот човек осуден за членство во Курдска работничка партија (ПКК), која за Анкара е терористичка организација. Тат, кој во Турција е осуден на шест години и 10 месеци затвор, синоќа е донесен во Истанбул и одведен во притвор. Тоа е прв конкретен чекор на Шведска во реализација на меморандумот за членство во НАТО, потпишан со Турција во јуни, што вклучува екстрадиција на лица вклучени во терористички активности.