Свет
6. March 2022 - 19:13

Руска бомба од 500 килограми падна врз станбена зграда во Чернихив | ФОТО

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба објави фотографија од бомба која паднала врз зграда во Украина,

-Оваа ужасна руска бомба од 500 килограми падна врз станбена зграда во Чернихив. Таа не експлодира, но многу други – да. Убија невини мажи, жени и деца. Помогнете ни да го заштитиме нашиот народ од руските варвари. Помогнете ни да го затвориме небото. Дајте ни борбени авиони. Направете нешто, напиша Кулеба.