Свет
1. February 2023 - 13:36

Руски функционер тврди дека Бахмут е оперативно опколен

Помошникот на вршителот на должноста шеф на Доњецката Народна Република (ДНР), Јан Гагин изјави дека руските сили го опколиле Бахмут.

Според него, во моментов се води борба за контрола врз автопатот кој води западно од Бахмут до Часив Јар. Неговите изјави доаѓаат откако портпаролот на украинската војска вчера изјави дека тие ги одбиле руските обиди да ја прекинат линијата за снабдување.

- Бахмут е оперативно опколен, нашите сили го затвораат обрачот околу градот. Во тек е борба за контрола врз автопатот Часив Јар-Бахмут, изјави Гагин за руската државна телевизија.

Бахмут беше изложен на жестоки напади на руската артилерија и пешадија во последните месеци.