Рускиот олигарх Алшар Усманов го тужи дисидентот Алексеј Навални
Рускиот олигарх Алшар Усманов соопшти дека поднел тужба против дисидентот Алексеј Навални, за „навреда и за повреда на неговиот углед“, откако на Интернет објави дека еден од имотите на милијардерот во Русија се обезбедени со давање поткуп.
Во изјава која е емитувана на Јутјуб, Навални тврди дека една руска фондација, која е поврзана со премиерот Дмитриј Медведев добила во сопственост куќа од Усманов, за да се реализира зделка со недвижен имот.
Усманов чие богатство, според американското списание „Форбс“ се проценува на 14,7 милијарди долари, поседува компании и фирми во индустријата со челик и во телеком бизнисот, а е сопственик и на англискиот фудбалски клуб „Арсенал“ од Лондон.
Во изјава за рускиот деловен весник „Ведомсти“ Усманов рекол дека не станува збор за поткуп, туку за обична размена на добра - легализацијата на имотот што сега го има на располагање и тврди дека го „платил“ со давање една негова куќа и земјиштето на кое е подигната.
Рускиот нагласи за весникот дека и вредноста на двете недвижнини била приближно иста, по околу 50 милиони долари.
Навални кој е правник по професија изјави за руските медиуми дека на судењето како сведок ќе го повика рускиот премиер Медведев.
Неговата видео изјава предизвика протести во Москва и во уште десетина други руски градови во кои се демонстрираше против, како што се извикуваше, раширената корупција во земјата.
Навални најави дека ќе се кандидира за претседателските избори во Русија, идната година. Изминатите години тој на неколкупати беше уапсен и изведен на судење, на процеси на кои добиваше затворски казни до пет години, а за кои тој вели дека се политички мотивирани.
Ново на Сител
-
Лидерите на регионот, ЕУ и САД на Самитот за планот за раст за Западен Балкан на 16 мај во Котор
-
Осумдесетгодишник од Теарце со изгореници заврши во болница откако му се запали домот
-
Силјановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот