Loading Video...
Свет
26. May 2022 - 16:27

Руските сили нападнаа 40 градови во источните региони Доњецк и Луганск при што загинале 5 цивили

Руските сили нападнаа 40 градови во источните региони Доњецк и Луганск при што загинале 5 цивили соопшти украинската армија. Од таму додаваа тдека непријателот се фокусира да ги освои Северодењецк и Лисичанск. Доколку паднат овие два града, целата провинцијата Луганск ќе биде по руска контрола, што е една од целите на Кремљ во оваа војна. Украина нема да отсапи дел од својата територија во име на мировниот дел со Русија порача Зеленски.Тоа е одговор на настапот на поранешниот министер за надворешни работи на САД Хенри Кисинџер, кој оваа недела на светскиот економски форум во ДАвос предложи Украина да и  дозволи на Русија да го задржи Крим кој го анкетираше во 2014 година.  

Киев сеуште не одговори на нашето барање за продолжување на мировните преговори изјави портпаролот на Кремљ Песков, а во мегувреме претседателот Путин потпиша декрет со кој Украинците во окупираните области полесно стануваат руски државјани. Песков упати баарње и до западот да укине дел од санцкии воведени кон Русија, кои како што рече го блокирале извозот на жито од Украина. Русија нема да биде воен победник а условите за каков и да е мировен договор со Украина не смее да го наметнува рускиот претседател порача гемранскиот канцелар.

„Путин сериозно ќе преговара за мир само ако сфати дека не може да ја пробие одбраната на Украина“, рече Шолц во говорот на Светскиот економски форум во Давос.

Единаесет новороденчиња загинале во пожар што синоќа го зафатил неонаталното одделение на регионалната болница во сенегалскиот град Тваун. Три бебиња се спасени. Според првичните инфомрации од истрагата причина за трагедијата е краток спој на електричната инсталација на објектот.