Свет
14. March 2025 - 14:43

Руте повика на нормализација на односите со Русија по завршувањето на војната во Украина

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте повика денеска на нормализација на односите со Русија по завршувањето на војната во Украина.

„Нормално е, ако војната некако се запре, Европа, чекор по чекор, а исто така и САД – чекор по чекор, да ги обноват нормалните односи со Русија“, рече Руте во интервју за ТВ Блумберг.

Тој, сепак, нагласи дека се уште не е време за тоа и дека е неопходно да се продолжи притисокот врз Русија за Москва „сериозно да ги сфати преговорите“.