САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон

Соединетите Американски Држави и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, со кој би се укинале царините од 50 проценти што Вашингтон ги воведува за некои канадски производи.
– Одлучив да ги прекинам преговорите. Она што го постигнавме не е доволно за да ги исполниме нашите цели во интерес на канадскиот народ. Промените во последен момент на условите предложени од САД беа неправедни, неповолни за нас и го доведоа во прашање кредибилитетот на кој било договор, изјави синоќа канадскиот премиер Марк Карни, оправдувајќи ја својата одлука да ги прекине трговските разговори со Вашингтон.
Тој објави дека Канада ќе воведе еквивалентни царини „долар за долар“ за американскиот увоз.
– Канада ќе воведе еквивалентни царини „долар за долар“ за да ги заштити своите работници и комерцијални активности. Од почетокот на трговската војна, која ја започна Трамп по неговото враќање во Белата куќа, сфативме дека Америка се промени и дека нема да се вратиме на нашите стари односи, посочи Карни.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека царините по член 338, кои се однесуваат на канадската стока во вредност од околу 20 милијарди долари, стапуваат во сила денеска.
– Канада одби да го финализира трговскиот договор според условите договорени претходно оваа недела. И покрај понудата на САД до Канада да добие најдобар третман од кој било голем извозник на нашиот пазар, новите барања и повлекувањето на Канада од други обврски го поништија внимателно договорениот баланс од последните денови, изјави американскиот трговски претставник Џејмисон Грир.
Одлуката доаѓа по тридневни разговори во Вашингтон меѓу Грир и министерот за трговија на Канада, Доминик Лебланк.
Трамп ги најави царините во јули. Првично беше предвидено да стапат во сила во средата, но американскиот претседател ги одложи за три дена, велејќи дека договорот со Канада е во процес на финализирање.
МИА
Ново на Сител
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
