САД ја обвинија Москва дека сака да ја дестабилизира Молдавија
Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, денеска ја обвини Русија дека се обидува да ја дестабилизира Молдавија, меѓудругото и со демонстрации, со цел во земјата да инсталира влада што ќе ја поддржува.
-Сметаме дека Русија се обидува да ја ослабне владата на Молдавија, секако со крајна цел да види за себе поповолна администрација на чело на земјата, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на САД.
Молдавија, земја која некогаш се наоѓаше во сферата на руско влијание, сега е предводена од цврсто проевропска власт, како и соседна Украина, која повеќе од една година се бори против инвазијата на руските трупи.
Молдавија во јуни лани, заедно со Украина, доби статус на кандидат за членство во ЕУ, но од почетокот на војната во Украина се соочува со зголемен притисок од Москва.
Претседателката на Молдавија, Маја Санду, минатиот месец изјави дека Кремљ планира државен удар во нејзината земја.
Вашингтон верува дека Москва се обидува да го дестабилизира Придњестровје, проруски сепаратистички регион во Молдавија.
Оваа територија на границата со Украина прогласи независност, но не е призната од ниту една земја. Властите на Придњестровје вчера соопштија дека го спречиле атентатот на нивните лидери, што му го препишаа на Киев.
Украина ги отфрли ваквите сериозни обвинувања.
-Руските актери, од кои некои се поврзани со руските разузнавачки служби, се обидуваат да организираат демонстрации во Молдавија и преку нив да поттикнат бунт против молдавската Влада, рече Кирби.
Тој додаде дека САД имаат доверба во демократските и економските институции на Молдавија и нивната способност да одговорат на овие закани и дека САД ќе продолжат да им даваат „голема поддршка“.
Ново на Сител
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“
-
Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, најави министерката за образование Јаневска
-
МЖСПП: Милион евра грант од Шпанија за Охридското Езеро
-
Платформата на “СКОПСКО” продолжува со својата мисија за заштита на нашите природни богатства
-
Помалку превезени патници во патниот превоз во последниот квартал од 2024 година
-
Поевтинува Мазутот, цената на бензините останува иста