-->
-->
САД нема да донираат вакцини додека не се вакцинираат повеќето Американци
-->

Администрацијата на претседателот Џо Бајден нема да им донира на сиромашните земји вакцина против коронавирусот што САД ја набавија, пред да бидат вакцинирани повеќето Американци, изјави претставник на администрацијата.
Претседателот Џо Бајден ќе учествува на виртуелен состанок на Г7 на кој лидерите на најразвиените земји ќе разговараат за глобалната дистрибуција на вакцини до кои немаат пристап сиромашните земји, пренесува бриселскиот портал Политико.
Бајден се очекува да објави дека половина од четирите милијарди долари за вакцини ќе бидат насочени кон 92 сиромашни земји преку Ковакс, додека преостанатите две милијарди ќе бидат наменети за зголемување на производството на вакцини во следните две години. зш/
Вашингтон, 19 февруари 2021 (МИА)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонија го празнува 11 Октомври - 85 години од народното востание
-

Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
-

Трамп удри по CNN, NBC и други телевизиски гиганти, истрага поради бојкот на Белата куќа
-

Во Претор најмногу врнежи, најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Трамп: Путин сака мировен договор, а Зеленски – не
-

Најмалку 12 загинати и стотици повредени во нападот врз аеродромот во Ријад, осуда од САД и ОН
-

Товарен воз излета од шините кај Риека, 11 вагони завршија во провалија
-

Поменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
