Loading Video...
Свет
26. January 2022 - 16:30

САД размислуваат за лични санкции против Путин

Соединетите држави ја разледуваат можноста да воведат директни санкции против рускиот претседател Путин ако Русија ја нападне Украина.

И Британците му се закануваат на Путин со санкции додека ЕУ подготвува нов сет економски санкции против Русија во случај да нападне. Русија уверува дека не планира воени дејствија во Украина но продолжува да собира војска долж границата. Ги обвини САД и НАТО дека ги подгреваат тензиите распоредувајќи дополнителни сили во Источна Европа. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе побара разјаснување за намерите на Русија кон Украина во телефонскиот разговор со претседателот Владимир Путин најавен за в петок.

Во меѓувреме американските власти соопштија дека преговараат со најголемите светски производители на нафта и природен гас за да обезбедат алтернативна испорака за Европа во случај да ескалира ситуацијата во Украина и Русите да ја запрат испораката за Европа.