Loading Video...
Свет
25. January 2022 - 19:36

САД стави над 8.000 илјади војници во борбена готовност за Украина

Вашингтон ги подгрева тензиите околу Украина изјавија руските власти.

По испраќањето воена опрема во Украина, американскиот претседател сега нареди контингент од 8.500 америански војници да бидат во состојба на готовност за префрлување во Европа доколку биде потребно.

Според Вашингтон, рускиот напад може да се случи секој момент.

Во денешната изјава портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека позциите на Москва ќе бидат познати откако ќе го добијат американскиот одговор за нивните барања, меѓу кои се Украина никогаш да не стане члена на НАТО и алијансата да престане да испраќа војска и оружје во Источна Европа.