Loading Video...
Свет
12. January 2021 - 19:51

САД стравува од нов хаос, ФБИ предупреди на можни немири пред инаугурацијата на Бајден

Американскиот претседател во заминување  одобри прогласување вонредна состојба во гланвиот град Вашингтон, откако ФБИ предупреди на можни немири во пресрет на инаугурацијата на избраниот  претседател Џо Бајден на 20 јануари. Вонредната состојба ќе трае до 24 јануари.  Во билтенот на ФБИ  пишува  за можни немири и во главните градови во сите 50 американски созјуни држави. Насилниот  Упад во  Капитол Хил  од страна на радикалните приврзаници на Трамп резултираше со 5 жртви. Фокс Њуз објави дека  Трамп признал  дека снои дел од вината за хасот на 6 јануари. Американската телевизија повикувајки се на извор запозанен со целата ситуација наведува дека претседателот на САД го спомнал тоа додека разговарал со лидерот на републиканците во Претсавничкиот дом Кевин Мекарти.

Светската здравствена организација  предупреди дека и покрај вакцините против Ковид-19 годинава нема да биде постигнат колективен имунитет.– нема да постигнеме никакво ниво на имунитет на населението или колективен имунитет во 2021 година, изјави главниот научник во СЗО. СЗО ја нагласи потребата од продолжување на мерките како физичко дистанцирање, миење раце и носење маски за да се спречи понатамошно ширење на пандемијата.

Поради поплавите предизвикани од  обилните количества дожд и снег во општините во јужна Србија прогласена е вонредна состојба.   Ситауцијата од утрово се нормализира. Реките  се повлекуваат  во своите  коритата и се работи на расчистување на поплавените места соопшти секторот за вонредни ситуации. Над 10.000 домаќинства се сеуште без електрична енергија