Живот
14. July 2016 - 16:02

Сакаше да ограби продавница, но никој не му обрна внимание

Саид Ахмед од Нов Зеланд стана главна ѕвезда откако локалната полиција објави видео-снимка од обид за грабеж на неговата мала продавница која се случило неодамна.

Додека Ахмед, кој на Нов Зеланд се преселил од Египет, подготвувал храна за муштериите, во продавницата влегол маскиран и вооружен разбојник и побарал да му се предадат парите.

Саид Ахмед, до крај професионалец, наместо тоа го послужил со храна гостинот кој веќе бил тука и мирно се оддалечил од шанкот. Несудениот крадец бил изненаден  од постапката на продавачот, а потоа сфаќајќи дека „не привлекол внимание“ излегол од продавницата.

 - Тој човек сакаше да ме преплаши и да ми земе пари, а јас одлучив дека тоа нема да го направи. На муштеријата му ја дадов храната, затоа што сакав да го напушти просторот од продавницата за да не биде во опасност, истакна продавачот во изјавата за британски „Гардијан“.

- Јас го свртев грбот на продавачот и заминав во кујната да повикам полиција. Помислив во себе дека ако пука во мене, ќе бидам оддалечен од него и раната нема да биде толку сериозна како кога би ме погодил од блиску во главата или срцето. Крадецот беше многу збунет со моето однесување, тој сакаше да ме исплаши, но тоа не му успеа, раскажа Ахмед.