Loading Video...
Кошарка
4. August 2020 - 18:27

Само уште три празни места за НБА плеј-офот

 
Тимот на ЛА Лејкерс со победата над Јута со 116-108 го осигураа првото место во Западната конференција. 
 
До овој триумф „езерџиите“ ги предводеа Ентони Дејвис со дабл-дабл од 42 поени и 12 скока , и Леброн Џејмс кој на 22 поени, придодаде 9 асистенции и 8 скока. 
 
Сепак имајќи ги во предвид условите и местото каде ќе се доигра целата сезона, пласманот на екипите освен, условно кажано „полесен противни“ нема да им донесе и предност на домашен терен и поддршка од трибините, бидејќи и плејофот ќе се игра пред празни трибини во Орландо. 
 
Што се однесува до разигрувањето. Покрај Лејкерси место во плејофот обезбедија уште шест екипи ( ЛА Клиперс, Денвер, Хјустон, Јута, Оклахома и Далас), додека за последната позиции ќе се борат дури шест екипи (Мемфис, Портланд, Сан Антонио, ЊУ Орлеанс, Сакраменто и Феникс). 
 
На истокот остануваат уште две места за плејофот, на кои засега се Орландо и Бруклин, а Вашингтон е само со теоретски шанси за се избори за осмата позиција.