Бизнис
20. February 2020 - 16:44

Само во Македонија нема африканска свинска чума

Има ризични одгледувалишта на свињи, но во земјава нема африканска чума. Според АХВ, Македонија е единстевна земја во регинот каде болеста не е регистрирана и се преземаат сите мерки за тоа да не се смени.

Од појавата а болеста во соседните земји кон крајот на 2019 над 200 инспектори се постојано на терен и тогаш детектирале близу 100 огледувалишта на свињи кои се ризични.

Кај 67 од нив веднаш била извршена депопулација, кај останатоте се преземаат мерки за намалување на ризикот за појава на опасната болест.

Продолжува и сезоната на лов на дивите свињи кои с еглавни преносители на болеста. Кај угинатите животни досега не е утврдено присустви на болеста, а за итсртел на свиња државата плаќа по 3000 денари.

Болеста африканска чума не е опасна за луѓето, но може да биде фатална за свињарскиот сектор затоа што брзо се шири, а единствено решение е убивање на заразените свињи.