Санкционирани 65 возачи на територијата на СВР Битола
Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, при што санкционираа 65 возачи. Единаесет од нив се санкционирани поради возење без возачка дозвола.
Исто така, како што информираат од МВР, поднесени се осум барања за поведување прекршочна постапка за правни лица, санкционирани се возачи на шест моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола и тројца возачи кои вршат јавен превоз на патници.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението на МВР.
Ново на Сител
-
НБА: Јокиќ се врати по повредата со трипл – дабл
-
Сопствениците на ПСЖ ќе купат шпански клуб
-
Кејн: Фудбалерите немаат збор за одредување на календарот, но никогаш нема да одбијат да играат за трофеи
-
Лилард надвор од терените на неодредено време
-
Бразил повторно му ја нуди селекторската позиција на Анчелоти
-
Навивачи на Ливерпул бараат Александар-Арнолд да не игра до крајот на сезоната
-
Алкалоид со победа го заврши регуларниот дел на Суперлигата
-
По најавата на новите царини на Трамп, паѓаат акциите на повеќе светски автопроизводители