Loading Video...
Балкан
5. November 2021 - 19:43

Сараево поплавено, многу населби се без струја

Поплавени патишта, објекти, куќи, автомобили пловат по улиците . Проблеми и хаос направи дождот  што паѓаше во текот на ноќта во главниот град на Босна и Херцеговина .

Со помош на противпожарни возила и чамци се префрлаат луѓето на безбедни локации.

Под вода и без струја се многу населени места. Најлошо е  во Отес, Влаково, Бутмир и Доњи Которац. Нивото на Миљачка се заканува да го уништи мостот Ќумурија а реката Железничка во некои делови се излеа.  

Според метеоролошките извештаи за Сараево, врнежите ќе продолжат до недела.