Саудиска Арабија го обвини Либан дека и објавил војна

Саудиска Арабија го обвини Либан дека и објавил војна „со агресијата на либанската шиитска група Хезболах, која е поддржана од Иран“.
- Либанската Влада ќе се смета за власт која и објавила војна на Саудиска Арабија поради агресијата на Хезболах, изјави саудискиот државен министер одговорен за прашања од Персискиот Залив, Тамер ас Сабхан.
Тој ја обвини Владата на либанскиот премиер, кој поднесе оставка, Саад Харири дека за време на своето едногодишно управување не направил ништо против Хезболах.
- Либанците сега треба да ги преземат сите тие ризици и да направат напри за подобрување на работите, пред да се стигне до точката од која нема враќање назад, истакна саудискиот министер.
Тој не потврди какви дејствија може да преземе Саудиска Арабија против Либан, која е многу задолжена држава, уште необновена од граѓанската војна (1975-1990) и каде една четвртина од населението се сириски бегалци.
Хезболах е военополитичка организација, претставена во либанскиот Парламент и е дел од коалициската влада на Харири, составена минатата година.
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
