Свет
2. January 2017 - 9:16

СБ на ОН со осуда за терористичкиот напад во Истанбул

Советот за безбедност на ОН најостро го осуди нападот во ноќниот клуб во Истанбул нарекувајќи го „варварски терористички напад“.

СБ упати сочувство до семејствата на загинатите.

– Тероризмот во сите облици и понатаму претставува една од најсериозните закани за меѓународниот мир и безбедност, се вели во соопштение на СБ на ОН.

Во нападот беа убиени 39 луѓе и 69 се ранети.