СДСМ: ДПМНЕ молчи за ЕУ, единствено Никола Груевски ги брани нивните политики

Во последните неколку дена ДПМНЕ молчи за уставните измени а единствениот кој ги брани нивните политики е Никола Груевски.
Од Унгарија ги пишува своите статуси за ДПМНЕ во однос на тоа како треба партијата да се позиционира.
ДПМНЕ со Мицкоски сака да го блокира европскиот пат и земјата повторно да ја втурне во изолација.
Државата 17 години беше во чекалната на ЕУ и 11 години во изолација, единствено поради криминалните политики на ДПМНЕ.
До 2016 година, државата беше заробена со нарушени меѓуетнички односи внатре, нарушени односи со соседите, со комплетна партизација на институциите, сваровски судство и слобода на медиумите на 140 место на светот, и ниту милиметар не мрдната во европските и НАТО интеграциите.
Обидите за блокада на европската иднина на земјата значат обиди за блокада на напредокот на земјата, на подобар животен стандард и владеење на правото.
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
