Македонија
16. August 2020 - 16:34

СДСМ и ДУИ јавуваат за напредок во поделбата на министерствата и кадрите што ќе ги водат

СДСМ и ДУИ имаат напредок во преговирте за распредлабата на ресорите во идниот владин кабинет. Како што соопштуваат од СДСМ, консултациите на ниво на гернални секретари Љупчо Николовски и Артан Груби продолжуваат, но во нивните разговори викендов е постигнат напредок во делот на ресорите, а интензивно се работи и на програмата.

„Денеска се работи на усогласување на победничките изборни програми на двете партии и на создавање на четиригодишна програма за работа на идната Влада, во целост посветена на економијата, правдата, еднаквоста и интеграциите. Во тек е и распределбата на одговорностите според ресори во идната коалиција, процес во кој се постигнати добар напредок и начелни согласности.“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од таму додаваат дека двете партии се обврзаале во идните консултации да предложат соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе ја реализираат програмата во целост за време на полн четиригодишен мандат. 

„Учесниците во преговорите се свесни и во целост ја разбираат итноста и потребата за постизборна консолидација на институциите и очекуваат дека во следните денови ќе биде постигнат конечен договор“, велат од СДСМ.

Од друга страна по најавите дека мандатарот Зоран Заев ќе влезе и во преговори со други партии со цел зголемување на владиното мнозинство.

Од ГРОМ која има еден пратеник во коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ велат дека немаат интерес да бидат дел од коалицијата СДСМ-ДУИ.

Преговорите помеѓу СДСМ и ДУИ почнаа непосредно по конститутивната седница во Собранието на 4.август. Оттогаш се одржаа неколку средби помеѓу Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети, но на ниту една од нив не беше постигнат договор за клучното барање на ДУИ - премиер албанец, како и за форматот на ротирачки премиер.

Поради преговорите во застој е и конситутивната седница на која треба да се избере и собраниски спикер. Претседавачот Талат Џафери најави дека нема план набрзо да ја свика седницата.