Македонија
21. January 2020 - 16:43

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за судбината на договорот од Преспа

Најавите на опозицијата за поништување на Договорот од Преспа се директна закана за членството на Македонија во НАТО, велат од владејачката СДСМ.

Според нив, ваквото однесување на опозицијата ја води земјата во спротивна насока од евроатланските интегративни процеси.

Предизборната паника од своите редови власта да не ја шири меѓу граѓаните, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека Македонија не почна преговори со Европската Унија не поради однесувањето на опозицијата туку поради како што велат, криминалот и корупцијата кои што цветаат во власта.

За поништување на договорот за промена на името ќе биде потребна промена на Уставот за што е потребно мнозинство од 80 пратеници.