СДСМ: Лага е дека ќе се плаќаат пенали
Долг е списокот на лаги што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги пласираат водејќи хајка против изградба на кориодорите 8 и 10Д, најголемата инвестиција во инфраструктурата вредна 1,3 милијарди евра.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека државата ќе плаќала пенали ако во Собранието не се донесе пакетот закони поврзани со изградба на коридорите.
Излажаа и дека ќе се кршат работничките права на ангажираните работници за изградбата на овој стратешки проект во којшто 600 милиони евра ќе завршат кај домашните компании.
Изнесена невистина од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е и дека 70 отсто од ангажираните работници ќе бидат од странство, иако Законот за изградба на коридорите е јасен и во член 11 предвидува најмалку 51% од ангажираните ресурси да бидат локални.
Лага на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е дека ангажманот на работници од странство дека ќе биде спротивна на законот. Во член 13 од Законот за изградба на коридорите јасно е утврдена законската процедура.
Обвинувања на Мицкоски за новиот начин на градење, по фази, со кој се обезбедува брзина и ефикасност во изведбата на Коридорите само покажува дека хајката којашто ја води е од политички и лукративни причини и нема врска со ништо друго.
Хаос како ВМРО-ДПМНЕ што направи со Кичево-Охрид нема дозволиме да се случи.
Хајката против изградбата на коридорите 8 и 10Д којашто ја води Мицкоски го покажува неговото заложништво на проруската Левица.
Неговите мотиви се едно, но политика со лаги не се тера, граѓаните не се наивни, тоа Мицкоски треба конечно да го научи.
Центар за комуникации со јавноста-СДСМ
Ново на Сител
-
Ван Нистелрој: Ќе му помагам на Манчестер jунајтед се додека е потребно
-
Еколози и експерти на ОН: Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото
-
Миовски двоен стрелец за Жирона во триумфот над Екстрамадура
-
Ким Џонг-ун: Лансирањето интерконтинентална ракета е предупредување до непријателите
-
Подготвен нов предлог-закон за учебници, јавноста може да дава сугестии
-
Почнува 14. фестивал на виното „Виноскоп“
-
Исланд прифати пократка работна недела и има полн погодок
-
ЦУК: Девет пожари на отворено изминатите 24 часа