СДСМ: Лажни анкети по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ не се ништо друго освен лажна надеж за Мицкоски
По сите релевантни анкети како поминува времето рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ драстично се намалува, градоначалниците од оваа партија се најголемо разочарување, Мицкоски менува ставови секој ден а Левица го зема опозицискиот примат.
Една таква анкета беше објавена пред неколку дена.
Оттука, јасно е дека на ВМРО-ДПМНЕ им е потребна нова лажна анкета за нова лажна надеж за Мицкоски.
Анкети по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја покријат неработата на градоначалниците од оваа партија во изминатата година. Ниту фактот дека Мицкоски нема став за ниту едно важно прашање.
Граѓаните знаат како се спроведуваат нарачаните анкети.
Исто како што знаат дека овој институт и во 2020 година предидуваше победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на парламентарните избори, па тоа не се случи. Напротив.
Медиумите објавија дека токму овој институт склучувал договори со државни институции во време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, како Агенцијата за вработување, Министерството за здравство и тн.
Ниту една лажна анкета нема да му помогне на Мицкоски кој никако да одговори за што е: за ЕУ или за Левица?
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

Литванија стравува од можни руски напади врз клучна инфраструктура
-

Во касарната „Гоце Делчев“ постројување на доброволните пожарникари од целата држава
-

Турција одбележува десет години од неуспешниот обид за воен удар
-

СП 2026: Дешан – Многу сме разочарани
-

Лишен од слобода Александар Лазаров кој избега од Полициска станица во Кочани
-

Мицкоски во Глумово, ќе изврши увид на проектните активности за регулација на Сува Река
-

СП 2026: Европскиот првак Шпанија прв финалист на Мундијалот
-

СП 2026: Де ла Фуенте – Пред нас е уште еден чекор
