СДСМ: Мицкоски велеше дека ќе нема струја а излезе обратно, продаваме вишоци енергија
Сé што кажа Христијан Мицкоски за енергетската криза излажа, сé што предвиде, излезе обратно.
Мицкоски со месеци ја плашеше јавноста, велеше ќе нема струја, а за прв пат среде зима се врши и извоз на вишоци електрична енергија од домашно производство.
Мицкоски велеше дека ќе има рестрикции, бидејќи нема да има доволно електрична енергија, а за прв пат во 70 години, со полна пареа работат сите енергетски капацитети во државата и задоволуваат 100 проценти од потребите.
Велеше дека јаглен има за уште два дена, а не само што има доволно јаглен, туку и термоелектраните го зголемија производството.
Лажеше Мицкоски дека РЕК Битола ќе се затвора, а сега во РЕК Битола работат трите блока.
Цената на струјата е намалена за 20 проценти, за околу 70.000 мали компании, коишто се на регулираниот пазар, 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија, со што му пропаднаа апокалиптичните сценарија на Мицкоски за покапување на струјата.
Мицкоски како експерт по енергетика, покажа големо незнаење. Сé што тој кажа и предвидуваше, на крајот излезе погрешно.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
