Македонија
23. October 2021 - 10:11

СДСМ: Постојано покажуваме и докажуваме дека работиме единствено со и за граѓаните

Само со обединување со граѓаните, со сите демократски и прогресивни групи и поединци, може да продолжи развојот и напредокот на општините.

Овие избори се од исклучителна важност, бидејќи нивниот исход ја одредува иднината, ќе одреди дали општините и државата ќе продолжат напред кон развојот, или ќе се вратат назад во изолација и режим.

Владата покажа дека може да води напред само ако и општините туркаат напред.

Како одговорна и домаќинска партија покажавме дека економскиот раст е можен ако и општините инвестираат во реални капитални проекти, наместо во барокни фасади, жални врби и споменици.

Власта предводена од СДСМ може да се грижи за потребите на секој еден граѓанин ако тоа го прават и општините, а не да крадат пари од општинскиот буџет за училишен превоз како што тоа беше случај во Битола.

СДСМ постојано покажува и докажува дека работи единствено со и за граѓаните, бидејќи знаеме дека без граѓаните ниту една партија не е ништо и затоа ќе продолжиме да работиме заедно со граѓаните и исклучиво во нивен интерес.

Да се обединиме на 31 октомври за да продолжи растот на платите, пензиите, стипендиите и социјалната помош,за парите и понатаму да завршуваат во семејните буџети, во развојот, во мостови и железници, во булевари и водови, а не во палми, галии и криминални тендери.

Да се обединиме и да гласаме за број 12 да продолжи развојот на општините.

 

СДСМ