СДСМ: Со задолжителното пензионирање на 64 години се отвораат нови можности за вработување на младите
СДСМ реализира уште едно ветување дадено пред граѓаните за задолжително пензионирање на возраст од 64 години и 15 години пензиски стаж, со што се создаваат услови за намалување на вработените во државната администрација и во јавниот сектор и се отвораат нови можности простор за вработување на млади кадри.
Пратеничката група на СДСМ во процедура го достави Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, кој предвидува задолжително пензионирање на 64 години возраст и 15 години пензиски стаж.
Заедно со овој Предлог-закон, доставен е и Предлог законот за измена на Законот за администрација, со што целосно ќе бидат опфатени сите вработени во државниот и во приватниот сектор.
Поради недостиг на одредени стручни кадри и потребата од ефикасно продолжување на работниот процес, исклучок од правилото за пензионирање на 64 години возраст 15 години пензиски стаж ќе има во секторите здравство и високо образование, каде што работниот стаж ќе може да се продолжува година за година, но најмногу до 67 години возраст.
Со цел да се обезбеди одреден преоден период, сите оние што до 31 август 2020 година поднеле барање за продолжување на договорот за вработување, предвидуваме нивниот договор да важи до истекот на времето за кое е предложен, односно до исполнување на рокот даден со претходното барање.
СДСМ како одговорна партија ги исполнува дадените ветувања и продолжува со вистинска грижа за сите граѓани.
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
-

Мерц возврати откако Трамп ги нарече „смешни“ одбранбените буџети на НАТО
-

МВР: Кривична пријава против три лица од Скопје за „насилство врз дете“ за нападот врз 14-годишник
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
