Македонија
18. March 2026 - 16:38

СДСМ: ВМРО не руши одвнатре

Со платформа власта сака да ја сруши СДСМ одвнатре. Опозицијата обвинува дека серијата критики кои на нејзина адреса доаѓаат од поранешни партиски функционери се дел од сценарио за како што велат, дефокус од клучните теми.

Реакцијата на СДСМ доаѓа под критиките кои на нејзина адреса ги упати поранешниот партиски потпретседател Петре Шилегов. Тој го обвини Филипче дека се пазари со Мицкоски за сопствената слобода а како што рече, жртва на тоа е партијата која од ден во ден има се помалку поддржувачи.

Тој веќе подолг период бара оставка од Филипче кој пак на седница на извршниот одбор му отвори иницијатива за исклучување од партијата. Филипче вчера порача дека нема да дозволи да се ситини СДСМ обвинувајќи го ШИлегов дека одработува за Мицкоски.

Ниту Филипче ниту Шилегов се ВМРО-ДПМНЕ, врати владејчката партија.

„За прес-конференцијата на Богданка Кузеска која се однесува на трката кој е поголем ВМРО-ДПМНЕ, Филипче или Шилегов, ќе ја пресечеме со фактот дека ниту едниот, ниту другиот не се ВМРО-ДПМНЕ, но сигурно е дека се поразени на избори и не се никаква опција за граѓаните.

Заеднички именител им е што народот ги знае добро и не се алтернатива, ниту можат да направат нешто добро за државата, освен да ја заглават да не може потоа со години да се одглави“ – се вели во реакцијата на партијата

По преселбата во опозиција дел од СДСМ премина во ЗНАМ а дел од поранешното партиско раководство гласно зборува за проблемите, потег што на Бихаќка се решава со исклучување од партијата. Пред Шилегов, исклучување доби и уште еден потпретседател. Јован Деспотовски беше избркан поради наводна соработка со власта а пред неколку месеци, црвен картон доби и еден советник од Карпош кој гласаше за предлог на ВМРО-ДПМНЕ.