СДСМ: За две и пол години направивме многу повеќе за Армијата отколку ВМРО-ДПМНЕ за 11 години
Празните и неаргументирани прес-конференции на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за очајот на опозицијата, но и доказ дека СДСМ за само 2 и пол години направи многу повеќе за армијата од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи за 11 години.
Од доаѓањето на власт, СДСМ се посвети целосно на подигнување на стандардот на вработените во одбраната, како и обезбедување подобри услови за работа преку целосно опремување со униформи и чизми на сите вработени во Армијата.
Платите во Армијата за две години пораснаа од 3.000 до 6.000 денари, реформите во одбраната се на прав пат.
Со зголемувањата на платите обезбеден е значителен пораст на основните плати, имајќи го во предвид фактот што претходно платите на вработените во Армијата беа повеќе години наназад замрзнати.
Со свесното блокирање на Законот за одбрана, Мицкоски и неговите пратеници во Собранието го кршеа Уставот и го загрозуваат остварувањето на децениска стратешка цел – членството на Република Северна Македонија во НАТО.
Законот за одбрана е клучен за нашето членство во Алијансата. Неодговорно, несериозно и недозволиво е членството во НАТО да биде загрозено од пратениците, особено сега кога ратификацијата на Протоколот за пристапување е на самиот крај.
Очајот на ВМРО-ДПМНЕ кулминира со излишни прес-конференции, неаргументирани изјави со што се потврдува дека опозицијата нема програма, идеја и тоне во страв од извесниот изборен пораз на парламентарните избори на 12 април.
Граѓаните, особено членовите на Армијата го паметат несериозниот и игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, затоа на 12 април ќе порачаат враќање на режимот нема да има никогаш повеќе.
Ново на Сител
-
ЦУК: Вкупно 1.568 повици на 112, 61.29 отсто од нив категоризирани како реални
-
Ден на Македонската револуционерна борба , 23 Октомври, неработен за сите граѓани
-
Харис: Трамп ја згрозува функцијата американски претседател
-
Во САД почина дисидентот Фетулах Ѓулен, кој во Анкара беше обвинет за неуспешниот пуч од 2016 година
-
Неделен извештај: Водата за пиење во Скопје ги исполнува барањата за безбедност и квалитет
-
Фрлена експлозивна направа во клубот на ПЦЕР во Тетово
-
Експлозии низ Бејрут во текот на ноќта, напаѓани финансиерите на Хезболах
-
Премиерот Мицкоски во Салцбург на 20. Европски самит