СДСМ: За две и пол години просечнаа плата повисока над 4.000 а минималната за 5.500
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како одговорна партија останува посветена да работи исклучиво во интерес на граѓаните и државата.
Со доаѓањето на власт на СДСМ минималната плата прво порасна на 12.000 денари, за потоа да достигне 14.500 денари. Тоа е раст на минималната плата за 5.500 денари за само 2.5 години.
Во 2017 година, со доаѓањето на СДСМ на власт во месец јуни просечната плата е 22.808 денари , а во декември 2019 година достигнува 26.836 денари. Тоа е раст на просечната плата за над 4.000 денари.
Ова се бројки и факти што ги потврдуваат успешните економски полиитки на СДСМ реализирани за само 2.5 години.
Во времето на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата едвај достигна скромни 9.000 денари, а за седум години владеење на ВМРО-ДПМНЕ просечната плата порасна за едвај 2.000 денари.
По изборите на 12 април продолжуваме со истиот тренд и во новиот мандат целта е минималната плата до крајот на 2024 година да изнесува минимум 18.000 денари. Според спиралата на растот, ќе расте и просечната плата.
И по победата на 12 април продолжуваме на прав пат заедно со граѓаните.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација