Македонија
18. January 2020 - 18:58

Се е подготвено за верската манифестација Богојавление Водици во Охрид

Се е подготвено за големата верска манифестација Богојавление Водици во Балканскиот Ерусалим. Празнувањето ке започне со утрински богослужби и литургија во црквите , а во 10 часот на градскиот пристаниште  чесниот крст ќе се фрла во водите на охридското езеро . За што поголема посетеност и привлекување гости во пресрет на празникот градот организира концерт на балканската музичка ѕвезда Петар Грашо а  охридските хотели и годинава нудат сместување по симболична цена од 15 евра на ден.

Градот е украсен во духот на големиот празник со зеленила и верски знамиња.Исчистено и обележано е и капалиштето кај градското пристаниште каде верницие ќе скокаат по чесниот крст во водите нa Охридското езеро.

Празнувањето на Водици во Охрид е една од најмасовните црковно-верски манифестации, како според бројот на посетители така и по бројот на верници и гости кои влегуваат во студените езерски води за да го фатат Светиот крст.