Балкан
29. October 2015 - 15:15

Се формира регионална мрежа за контрола и безбедност на храната

Во почетокот на идната година треба да биде основана Мрежа за контрола на квалитетот и бебзедноста на храната во која ќе бидат установи од 11 држави од Југоисточна Европа.

Тоа здружение ќе работи и на стандардизирано контролирање на исправноста на храната и поттикнување здрави прехранбени навики.

Мрежата во почетокот ќе се финансира од членарина – 4000 евра годишно, а подоцна од развоен фонд на ЕУ.

Во неа ќе бидат државите од поранешна Југославија, од Унгарија, Грција, Бугарија, Романија и Албанија. Постојат индиции дека ќе им се придружат и Австрија и Словачка и Чешка.

Првиот значаен проект ќе биде регионална ознака за контролиран квалитет по претходно договорени стандарди.