-->
-->
„Се надевам дека Македонија ќе ја направам горда“ - Македонката Симона со улога во новиот филм на „Марвел“
-->
Премиерата на филмот на продукцијата „Марвел“ - „Црната вдовица“ е закажана за 1-ви мај 2020-та година. Гледачите со нетрпение го очекуваат ова остварување, а особено Македонците бидејќи во него една од улогите ќе ја толкува убавата Македонка Симона Живковска.
Во ова филмско остварување публиката ќе може да ужива во актерската игра на преубавата и заводлива Скарлет Јохансон, а со неа рамо до рамо верувале или не ќе глуми и Македонката Симона Живковска.
Веста дека Македонската Симона ќе глуми во филмот на „Марвел“ ја споделил нејзиниот агент, тој напишал:
„Возбуден сум што конечно можам да објавам дека Симона Живковска во моментот го снима филмот на „Марвел“, “Црната вдовица“ што ќе се прикажува во кината догодина. Едвај чекам“ - напишал тој на Твитер.
Младата 25-годишна Симона е родена во Скопје на 24-ти јуни 1994-та година, но во 2001-та година се преселила во Велика Британија каде што ја започнала својата актерска кариера.
Возбудата што Македонката ќе ја оствари својата улога во ова остварување на „Марвел“ не ја криеле ниту корисниците на Твитер кои упатиле пофални зборови до младата Симона, а набрзо потоа и самата Симона објавила твит во кој се заблагодарува за поддршката:
Ви благодарам многу за поддршката во овој момент особено ми значи! Многу сум благодарна за оваа можност и се надевам дека ќе ја направам Македонија горда!
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка