Се одложи судењето за „Плацеви на Водно“
Продолжението на судењето за случајот „Плацеви на Водно“, закажано за денеска, беше одложено. Во известувањето од Основен Кривичен суд, велат дека рочиштето е одложено заради отсуство на адвокатот на Груевски, како и непреведените докази од Кипар кои Обвинителството ги предложи на почетокот на судскиот процес.
- Ја информираме јавноста дека заради барање на одбраната за превод на доказите на Јавното обвинителство доставени на англиски јазик, на македонски јазик, како и зафатеност на адвокатот поставен по службена должност во предметот означен од обвинителството како „ТНТ“, денешното судење за „Плацеви на Водно“ се одлага, се вели во известувањето од Кривичен.
Главната расправа продолжува на веќе закажаниот термин на 19 – ти август 2021 година во 10:00 часот, за што веќе се известени и странките во постапката.
Во случајот „Парцели на Водно“, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, Ратка Камчева, Ненад Јосифовиќ и Ристо Новачевски.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Руте: Целосно сум убеден дека НАТО ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од Алијансата
-
Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до државите кои помогнаа по трагедијата во Кочани
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата
-
Пронајдена дрога на работното место кај полицаец од Охрид
-
Сиљановска-Давкова: Секое дете може да дојде до израз ако му се даде шанса
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада