-->
-->
Се појави новата баба Ванѓа на Балканот – кај Марина од Лесковац се чека по три дена за сеанса
-->
Илјадници луѓе од цел Балкан секојдневно пристигнуваат во селото Мијајлица кај Бојник, недалеку од Лесковац, со надеж дека ќе ги прегледа извесна Марина, за која се верува дека со биоенергија лекува од најтешките болести. Колони автомобили стојат на влезот во селото од 190 жители, во близина на Лесковац, а многумина спијат по три ноќи пред куќата на мистериозната жена чекајќи сеанса.За Марина малку се знае, освен дека е жена во четириесеттите години и дека своите натприродни моќи ги открила пред 15 години. Оние кои биле кај неа велат дека штом ќе го види човекот, му поставува дијагноза, а потоа за кратко време го лекува.
-Пред куќата на Марина секојдневно во шатори кампуваат стотина, а некогаш и илјадници луѓе. Услов да ги прими е една ноќ да преспијат пред нејзната куќа, а многу од нив преспиваат и по две-три ноќи. Наутро некој од нејзините домашни излегува и им дели бројчиња на луѓето. Потоа тие по тој распоред влегуваат во нејзината куќа. Таму таа ги прима во соба преполна со икони-велат мештаните на Мијајлица, кои се уверени во нејзните исцелителни моќи.
-Штом го види човекот, Марина веднаш му кажува што му е. Непогрешиво ја погодува дијагнозата, по што препишува терапија. Нема ниту еден што не го излечила. За возврат не бара ништо,нема тарифа, туку кој колку даде.Кај неа доаѓаат луѓе од цел Балкан. Ги лечи и оние кои не доаѓаат лично, доволно е преку некого да испратат фотографија- уверуваат соседите на Марина.
-Оваа жена не е врачара туку вистинска ислецителка. Кога ќе дојдете кај неа како да сте дошле на психолог. Ве ослободува од стравот, ви дава надеж. Знам жени кои не можеле да родат, а откако дошле на сеанса кај Марина, родиле две деца. Многу луѓе кренала на нозе- изјавил еден Бугар, кој се уверил во моќите на Марина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошковски: Новогодишната ноќ помина главно мирно
-

Новогодишна донација од СВР Битола, РСБСП и ОСБСП за првото бебе во Битола
-

Напади врз полиција и апсења во Германија за време на дочекот на 2026 година
-

Бурна новогодишна ноќ за дежурните лекарски служби, двегодишно дете со повреди од огнено оружје
-

Тошковски ја започна годината со посета на службениците на Солунска Глава
-

АМСМ: Сообраќајот кон ГП Ќафасан е се уште во прекин во двата правци
-

Град Скопје ќе гради прва катна гаража во Клиничкиот центар до втората половина на 2026 година
-

Првото бебе во државата е Евгенија, трето дете на семејството Камчеви
