Се појави по 17 години - Ова е причината поради која е убиен Аркан

Жељко Ражнатовиќ Аркан со години во своето опкружување имал луѓе од доверба, кои се грижеле за неговата безбедност, но кога повеќето од нив биле отстранети преку таен план на државните структури и српското подземје, околу шефот на Српската доброволна гарда останале само аматери и подлизурковци, што на почетокот на 2000 година го чинеше со живот.
Овие информации се наведени во документите на странски безбедносни служби, по убиството на Аркан.
- Намерно, еден по еден, ги отстрануваа најблиските пријатели и соработници на Аркан, за да го ослабат него. Наместо искрени пријатели, се појавуваа луѓе кои му ласкаа, а што бегаа кога му е тешко. Но, најлошо беше кај обезбедувањето, бидејќи тука одеднаш почнаа да стигнуваат луѓе без искуство и без чувство за опасност. Сите тие го уверуваа Аркан дека е безбеден и дека нема зошто да се грижи. Сето тоа кај него предизвика лажно чувство за сигурност, се опушти...Таквиот однос на луѓето околу него, доведе до негово убиство во хотелот „Интерконтинентал“ - стои во документите.

Наведено е и дека со години пред тоа, Аркан имаше силно обезбедување од 20-30 лица. Се открива дека постоел човек кој секојдневното движење на Аркан и на неговото семејство го планирал до најситен детал и од тој план не се отстапувало.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
